Линкови за пристапност

Катами повика демонстрантите да бидат сурово казнети


Ахмад Катами во проповед на Универзитетот во Техеран рече дека со демонстрантите треба да се постапува сурово и без милост. Тој ги обвини странските новинари дека поттикнувале на демонстрации.

Властите ги разбија масовните протести под водство на опозициониот кандидат Мир Хусеин Мусави кој тврди дека изборите биле наместени. Во судирите загинаа најмалку 17 лица, а стотици беа повредени.

Највисокото легислативно тело во земјата во петокот ги отфрли обвинувањата за измама и ги окарактеризира оспорените претседателски избори од 12-ти јуни како најдобри што досега се одржале во земјата.

XS
SM
MD
LG