Линкови за пристапност

Претставничкиот дом ќе гласа по актот за климатски промени


Законодавците во Претставничкиот дом каде контролата ја имаат демократите, денеска се очекува да гласаат за легислатива со која ќе се ограничи испуштањето на штетните гасови поврзани со климатските промени.

Предлог-законот образложен на 1.200 страници повикува на намалување на дозволеното ниво на јаглерод диоксид и други хемикалии регулирано во акт од 2005 година за 17 проценти до 2020 и за 83 проценти до 2050 година. Мерката предвидува главните загадувачи, како фабриките за производство на јаглен, да можат да купат дозвола од владата. Компаниите кои создаваат помалку загадување со штетни гасови од тоа што им било дозволено, ќе може да го продадат својот кредит на други ентитети кои ќе го надминат нивното дозволено ниво.

Лидерите од Демократската партија направија неколку промени во предлог-законот за да ја добијат поддршката од законодавците од сојузните држави со развиено земјоделство, кои, според тврдење на републиканците во Претставничкиот дом кои се противат на предлог-законот, стравуваа дека мерката ќе придонесе за зголемување на енергетските трошоци на нивните избирачи.
XS
SM
MD
LG