Линкови за пристапност

Актерката Фара Фосет почина од рак


Фара Фосет, популарна американска манекенка, актерка и секс симбол, почина од рак во Лос Анџелес, на 62 години.

Портпарол на Фосет вели дека таа умрела рано во четвртокот во болница, во Санта Моника. Била дијагностицирана со рак во 2006 и нејзината тешка борба со болеста беше тема на неодамнешен телевизиски документарен филм.

Фосет беше родена и порасната во југозапаната американска држава Тексас. Ја започнала кариерата како манекенка и актерка, и се прославила како дел на оригиналната актерска екипа на популарната ТВ-серија „Ангелите на Чарли", иако ја напуштила серијата по само една сезона.

Постер на насмеана Фосет со прекрасна руса коса и облечена во црвен едноделен костум за капење беше продаден во милиони копии и ја направи икона на поп-културата.

Фосет потоа се појавуваше на телевизијата и во неколку филмови – со различен успех – од 1980те и 90те.

Се омажи за актерот Ли Мејџорс во 1973. Тие се разведоа по неколку години. Со нејзиниот долгогодишен партнер Рајан О`Нил имаат син.

XS
SM
MD
LG