Линкови за пристапност

Почина поп-ѕвездата Мајкл Џексон


Аутопсија на Мајкл Џексон се очекува да биде изведена во петок. Џексон почина ненадејно во Лос Анџелес, на возраст од 50 години.

Џексон беше прогласен за мртов во четврток во Медицинскиот центар на УКЛА по претрпен срцев удар во неговиот дом во Лос Анџелес. Тој почина на повеќе од два месеци пред неговиот 51-ви роденден и неколку дена предпланираната серија концерти во Лондон што требаше да биде негов голем камбек. Билетите за неговите лондонски претстави, пуштени во продажба во март, беа продадени за неколку минути.

Братот на Џексон, пејачот Џермеин Џексон, на новинарите им кажа дека тим од лекари, меѓу кои и неговиот личен ликар, се обиделе да го вратат во живот дома и во болница. Неговото тело подоцна било опрефрлено со хеликоптерво канцеларијата за судско вештачење на Лос Анџелес.

Портпарол на полицијата на Лос Анџелес вели дека детективите добиле задача да ја испитаат смртта на Џексон затоа што се работи за личност од висок профил, но додаде дека тоа е стандардна процедура. Лос Анџелес Тајмс известува дека нема докази за криминално дејствие.

За Џексон се зборуваше дека има слабо здравје последните неколку години, но промотерите на неговите лондонски концертивелат дека без проблем ги минал последнителекарски прегледи.

Пејачот, танцувачот и текстописецот стана познат како дете во 1970те додека настапувал со неговите браќа во поп група позната како Џексон Фајв. Тој продолжи соло кариера без преседан, продавајќи повеќе од 750 милиони копии на неговите снимки, вклучувајќи ги и најдобро-продаваните албуми, Off the Wall иThriller, станувајќи динамична претстава во живо, и пионер на музичкиот видео жанр.

Џексон го следеше контроверза последните години. Беше ослободен од обвинение за сексуална злоупотреба на дете во 2005 и подоцнаимаше големи финансиски проблеми. Беше предмет на таблоиди кои ја експлоатираа неговата ексцентричност, вклучувајќи и многубројни пластични операции што ја менуваа неговата појава.
XS
SM
MD
LG