Кливленд Кавалирс соопштија дека постигнале прелиминарен договор за трансфер на центарот Шекил О` Нил од Феникс Санс.
Медиумите јавија дека Кавалирс и Санс се согласиле на размена со која 37-годишниот Шекил ќе им се придружи на Кливленд во замена за Бен Валас и Саша Павловиќ, како и за правото на втор избор во годинешниот драфт и дополнителна пари.
Ако договорот биде комплетиран, О` Нил ќе се приклучи на ѕвездата Леброн Џејмс во обидот Кавалирс да ја освојат шампионската титула. Кавалирс годинава беа елиминирани од Орландо Меџик во финалето на источната конференција на Ен-Би-Еј.