Линкови за пристапност

Милијардерот Бафет се заложи за уште еден стимулативен план


Еден од најпочитуваните инвеститори во САД смета дека на забавената економија во земјата можеби ќе и` треба уште еден стимилирачки пакет за справување со растечкиот бројка на отпуштања од работа.

Милијардерот Ворен Бафет е втор најбогат човек во светот според Магазинот Форбс, со богатство од 37 милијарди долари. Тој претходно изрази поддршка на владините напори за ставање крај на рецесијата.

Американскиот претседател Барак Обама на почетокот од годината потпиша стимулативен пакет во висина од 787 милијарди долари за излез од најлошата рецесија која погоди земјата со децении.

За време на пресконференција во Белата куќа, тој рече дека не верува дека е потребен втор стимулативен пакет.

XS
SM
MD
LG