Линкови за пристапност

Американската Централна банка ги остави  ниските каматни стапки непроменети


Федералните резерви велат дека економските услови налагаат исклучително ниско ниво на каматни стапки и тоа за, како што велат, „подолг период".

Во соопштението издадено по дводневниот состанок за монетарната политика, Централната банка наведува дека темпото на економско опаѓање се намалува, условите на финансиските пазари се подобрени, а купопродажбата на домови се стабилизира. Сепак од американските Федерални резерви велат дека губењето на работни места и заострените кредитни услови и натаму предизвикуваат финансиски проблеми додека компаниите кратат на инвестиции и персонал.

Федералните резерви предвидоа постепено враќање на економскиот растеж во САД, со мал ризик од инфлација.

Растечкиот федерален дефицит ја комплицира работата за законодавците во Вашингтон, вели економистот Нуриел Рубини, кој предава на Одделот за бизнис при Универзитетот Њујорк.

„Реалноста е што буџетскиот дефицит е мошне голем. Доколку ги зголемите даноците и ја намалите потрошувачката, намалувањето на примањата, може да ја втурне економијата во рецесија. Но доколку се направат фискални прилагодувања поради слабата економија и големиот буџетски дефицит, станувате приморани да се пуштат пари во циркулација, што води кон зголемување на каматните стапки", вели Рубини.

На позитивната страна, Одделот за трговија вчера соопшти дека за месец мај е забележан пораст во нарачките за голем број производи. Порастот од 1,8 проценти изненади многумина финансиски експерти кои всушност очекуваа намалаување на побарувачката.

Стјуард Хофман е главен економист во банката Пи-Ен-Си: „Тоа е добар знак, што налага дека производството, а може дури и вработеноста во производниот сектор, конечно да покажат одреден пораст и тоа до четвртиот квартал од годинава", изјави Хофман.

Сепак, минатиот месец е забележано намалување на продажбата на домови, знак дека за опоравувањето на пазарот за недвижнини ќе треба подолго време.

XS
SM
MD
LG