Линкови за пристапност

И покрај сите пречки од иранското раководство, опозицијата комуницира преку интернет


Иранските опозициски интернет страници се`уште повикуваат на собир во четврток во Техеран, и покрај тековните обиди на владата за попречување, вклучувајќи и апсење на универзитетски професори, новинари и обични граѓани.

Во соопштение поставено на неговата официјална веб-страница во четврток, опозицискиот лидер Мир Хосеин Мусави кажа дека контактот со неговите поддржувачи му бил во голема мерка ограничен и дека е изложен на притисок да го повлече својот приговор за исправноста на изборите.

Тој кажа дека најмалку 70 универзитетски професори биле приведени по средбата со него во средата, денот обележан со судири меѓу полицијата и протестантите во близина на иранскиот парламент во главниот град.

Мусави, кој изгуби од актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџад на претседателските избори од 12 јуни, тврдеше дека имало голема измама во гласањето. Но иранскиот врховен лидер и Заштитничкиот совет велат дека изборите се валидни.

Најмалку 17 лица се убиени и стотици уапсени во пост-изборните демонстрации.

XS
SM
MD
LG