Линкови за пристапност

Американската економија и натаму опаѓа – но со побавно темпо


Американската економија се намалувала во првите три месеци на оваа година со просечна стапка од 5,5 проценти годишно, што е за две десетини од процентот побавно отколку што се предвидуваше.

Извештајот на Одделот за трговија од четврток е рутинско изнесување на податоци додека посеопфатна фактичка слика не биде на располагање.

Цифрите исто така покажуваат дека економијата опаѓа побавно отколку што беше случај во последното тримесечје на минатата година.

Одвоен извештај од Одделот за труд покажува декаамериканскиот пазар на работни места се влошува.

Бројот на Американци кои се пријавиле за компензација заради невработеност пораснал за 15 илјадиминатата недела, достигнувајќи 627 илјади.

XS
SM
MD
LG