Околу 100.000 лица се собраа на главниот плоштат во Пјонгјанг извикувајќи слогани со кренати тупаници. На еден од плакатите на протестот било испишано: „Да ги уништиме американските обиди за провоцирање нуклеарна војна“.
Корејската војна започна со инвазија на Северот на Јужна Кореја на 25-ти јуни 1950 година. Американската армија предводена од силите на ОН кои беа на страната на Јужна Кореја против Северна Кореја и кинеските трупи. Конфликтот заврши во 1953 со потпишување на примирје.
Пјонгјанг ја засили реториката против Вашингтон откако администрацијата на Обама месецов вети дека ќе ја брани Јужна Кореја ставајќи ја под „нуклеарен чадор“.