Линкови за пристапност

Микрофинансирањето - бизнис-можност за сиромашните


Во јануари Вика Синипата го остварила својот долгогодишниот сон. Отворила свој бизнис – помош за стари луѓе.

Идејата ја добила откако сама се грижела за своите роднини, но имала проблем да добие заем:

„Се обидов во банка и тие бараа двегодишно искуство во таа сфера, а јас имам само диплома и искуство во продажната сфера. Тоа не беше доволно“, вели Синапата.

Таа ја искористила својата заштеда од пет илјади долари да почне свој бизнис. Во март, сфатила дека и се потребни уште десет илјади за да добие дозвола од државата и да изработи материјал за маркетинг. Така станала дел од експериментлната програма на веб-страницата за микрофинансирање Кива.орг.

Кива е непрофитна организација која им дозволува на поединци да даваат заеми на претприемачи во светот во износ од по 25 долари. До сега, корисниците на тие пари беа без исклучок од земјите во развој.

„Економијата и кризата во кредитниот сектор беа голем мотиватор за Кива да влезе во САД. Сфативме дека има голема потреба од капитал во оваа земја“, вели претседателот на Кива, Премал Шах.

Микрокредитите се достапни во САД две децении, но за тоа во оваа земја има помала заинтересираност отколку во другиот дел на светот. Просекот на заем на бизнисмен во САД е 7 000 долари, споредено со неколку стотини долари во странство. Освен тоа, постои различна перцепција за тоа што се смета за потреба.

„Не знам дали луѓето ќе кажат – моите 25 долари многу повеќе можат да сторат во Јужен Судан или во Камбоџа, отколку во Квинс, Њујорк. Ќе биде навистина интересно да се види тоа“ -
вели Шах.

Тој вели дека и заемите се различни:

„На пример, кениска фармерка добива заем 10,2 пати побрзо отколку маж-таксист во Бугарија, вели Шах.

За да ја тестира територијата, Шах поканил две институции за микрофинансирање да ги постават своите профили на страницата. Бизнис-предлогот на Вика Синипата бил поставен од страницата Фонд за можност. Неговиот директор Ерик Вивер вели откако американските кредитни пазари престанале да даваат заеми, се покажал поголем интерес за неговата компанија.

Свештеникот Дејвид Тејлор од Гринвил, Јужна Каролина вели дека неговата црква помогнала на околу 150 лица кои започнале биснис со микрофинансирање преку Кива, од Таџикистан, до Уганда и Камбоџа. Но можностите се отворени за многу повеќе луѓе. Кива планира да се поврзе со други организации за микрофинансирање во САД.

XS
SM
MD
LG