Линкови за пристапност

Обама ќе претстави имиграциона реформа


Американскиот претседател Барак Обама ке се сретне со двопартиска група на законодавци во Белата куќа во четврток, за да претстави голем легислативен труд – имиграциона реформа.

Некои законодавци и претставници на администрацијата веруваат дека не е многу веројатно предлог-законот за имиграциона реформа да биде усвоен оваа година, заради тоа што Конгресот е затрупан со големи законодавни проекти, меѓу кои за климатски примени и здравствена заштита.


Но демократскиот сенатор Чарлс Шумер, кој претседава со сенатската поткомисија за законодавство во чија надлежност се имиграциони прашања, вели дека е уверен во постигнување на двопартиска согласност по предлог-законот во Сенатот, пред крајот на годината.

Шумер го претстави планот што ќе отвори пат за 12 милиони илегални имигранти во САД да станат државјани. Тој исто така сака имигрантите да носат документи за идентификација што ќе бидат отпорни на фалсификување со вклучување на електронски идентификувач или биометрички елементи, како отисоци на прстите.

XS
SM
MD
LG