Линкови за пристапност

Забрането пушење во американските затвори


Платежното средство во кралството на Големиот дом – како што ги нарекуваат затворите во филмовите – не се парите. Затворениците заработуваат мала сума за нивната работа и не им се дозволени други вредни работи. Наместо тоа, тие се коцкаат и тргуваат со намирници, користејќи цигари!

Но, тоа повеќе не е случај. Лани под притисок од поборниците за заштита на здравјето, официјалните лица го забранија пушењето дури и во дворовите за вежбање во 115 федерални затвори.

И во државните казнено-поправни центри, како во Флорида, каде затворениците произведуваа цигари и им беше дозволено да запалат кога ќе посакаат, почна да се следи примерот од федералните затвори.

Нови мерки се воведуваат во име на здравјето на затворениците, како и намалување на трошоците за лекување на затвореници со рак на белите дробови и други болести врзани со пушењето.

Како резултат на политиката за забрана на пушење, се зголемија апсењата на стражари и затвореници кои криумчарат цигари.

Според телевизијата КАБЦ од Лос Анџелес, кутија цигари која чини шест до седум долари надвор од затвор, внатре може да добие цена до 125 долари! Готвач од федералниот затвор Фолсом на властите им признал дека направил повеќе пари илегално внесувајќи и продавајќи цигари, отколку со работа. Во соседна Невада, каде забраната за пушење во затворите стапува во сила месецов, шефот на синдикатот на вработените стравува дека затворениците кои се принудени да се отакажат практично преку ноќ, ќе станат уште погневни и агресивни.

Во другите поправно-казнени установи има поплаки дека стражарите мора да пешачат надвор од затворите на секакво време за да стасаат до место каде им е дозволено да запалат по една цигара.

Но тие се сепак во подобра ситуација отколку оние внатре, на кои излегувањето надвор да се запали цигара, не е возможно.

XS
SM
MD
LG