Линкови за пристапност

Продолжува истрагата по фаталната несреќа во Вашингтон


Истражителите велат дека се чини оти возачот на возот што удрил во задниот дел на застанат воз, се обидел да закочи пред сударот.

Во оваа најголема несреќа во тридецениската историја на подземната железница на Вашингтон од понеделникот загинаа девет лица.

Деби Херсман, портпаролката на Националниот борд за безбедност во сообраќајот, вели дека постојат докази оти сопирачките за вонредни ситуации биле употребени, но дека контролите на возот биле пореметени во време на сударот.

Возачката на возот, Џенис МекМилан е меѓу загинатите во несреќата, која се случи во близина на надземна станица на железнизацата во североисточниот дел на Вашингтон.

Истражителите велат дека возот бил под автоматска контрола и според правилата требало да биде сопрен од страна на комјутерскиот систем пред да се случи несреќата.

Херсман вели дека Националниот борд за безбедност во сообраќајот ќе ги провери податоците од мобилниот телефон на возачката МекМилан, нејзината крвна слика и распоред за работа.

Две неодамнешни несреќи –една на сличен воз во предградие на Лос Анџелеси една на тролебус во Бостон – се случиле додека операторите разговарале на телефон или испраќале текстуални пораки , но генералниот менаџер на вашингтонскиот транзитен систем вели дека нема докази дека тоа било случај со МекМилан при понеделничката несреќа.

Според Херсман, проблем за согледување на целосната слика на причината за несреќата во овој момент е и тоа што постарите возови немале рекордери на податоците од возот.

XS
SM
MD
LG