Линкови за пристапност

Иранскиот врховен лидер  вели државата нема да попушти под притисок


Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Каменеи вели дека Иран нема нема да попушти под притисокот од протестите по спорните претседателски избори во државата.

Неговите забелешки од средата дојдоа еден ден откако иранскиот Заштитнички совет се изјасни против поништување на изборните резултати и покрај наоѓањето нерегуларности во гласањето во 50 дистрикти.

Американскиот претседател Барак Обама во вторникот кажа дека има „големи прашања" за легитимноста на изборите што резултираа во победа со огромно мнозинство на актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Материјалот поставен на интернет повикува на одржување на опозициски собир пред иранскиот парламент во среда попладне, но овие планови не можат да бидат потврдени. Елитната иранска Револуционерна гарда предупреди дека ќе употреби сила за задушување на пост-изборните демонстрации.

Одвоено од ова, лице блиско на реформистичкиот кандидат Мир Хосеин Моусави вели дека полицијата извршила упад во просториите на весник во сопственост на поранешниот премиер и уапсила 25 лица од персоналот. Лицето им кажало на западните медиуми во средата дека упадот во канцелариите на „Зелен свет" се случил во понеделник.

Реформистички личности во Иран како Мехди Каруби повикуваат на ден на жалост неделава во чест на убиените во протестите.

Официјалната цифра на убиени во Иран сега е 17, но сведоци на судирите меѓу протестантите и безбедносните сили велат дека таа е многу повисока. Цифрите не можат да се проверат бидејќи Иран силно го ограничи известувањето од земјата.

Нема извештаи за протести во Иран од вторникот или рано во средата, откако специјална полиција за задушување нереди со употреба на сила ги растури демонстрациите неколку дена пред тоа.

Спорното гласање предизвика најголемо насилство во Иран од Исламската револуција во 1979 наваму.

Опозициските протестанти велат дека изборите од 12 јуни биле наместени.

Иранскиот Заштитнички совет вели дека ќе продолжи да работи по поплаките за неправилности во процесот, продолжувајќи го рокот до јуни 29 да се заврши работата.

Друг поразен претседателски кандидат, Мохсен Резаеи, ги повлече своите приговори поднесени до Заштитничкиот совет. Според ииранските медиуми причина за тоа било недостигот на време. Резаеи беше на трето место според освоени гласови, добивајќи помалку од два проценти од гласовите.

XS
SM
MD
LG