Линкови за пристапност

Деветмина загинати во железничката несреќа во Вашингтон


Спасувачки екипи и истражители цел ден пребаруваат по кршот од понеделничката несреќа во која при судирот на два воза загинаа девет, а повредени се над 70 лица.

Градоначалниот на Вашингтон, Адриан Фенти, изјави дека надлежните органи се на местото на настанот и дека спасувачките напори се очекува да продолжат.

Властите изјавија дека воз во движење удрил во воз кој стоел на шините близу една од надземните станици на вашингтонската градска железница.

Портпаролката на Националниот борд за безбедност на транспортот, Деби Херсман, рече дека вагоните на удрениот воз имал снимки со оперативни податоци кои ќе бидат проверени веднаш по завршувањето на спасувачките активности.

Херсман додаде дека возот кој удрил во застанатиот имал постари вагони, кои Бордот препорачал да бидат заменети уште пред три години. Таа вели дека е невозможно да се утврди каква улога имале застарените вагони во несреќата.

XS
SM
MD
LG