Линкови за пристапност

Обама ја отфрли критиката дека не одговорил соодветно на настаните во Иран


Претседателот Обама ги отфрли критиките дека не одговорил брзо и доволно остро на обидите на иранското раководство за замолчување на неистомислениците по тамошните избори порано месецов.

На прес-конференција во Белата куќа, Обама изјави дека САД го почитуваат суверенитетот на Иран и не се мешаат во неговите внатрешни работи. Но, тој рече дека САД осудуваат употреба на насилство против невини граѓани без оглед каде тоа се случува.

Тој рече дека мора да реагира согласно функцијата, а не да биде воден од Конгресот за тоа како да постапи во однос на Иран. Тој рече дека САД ќе ја следат ситуацијата да видат во кој правец се движат настаните.

Опозициските Републиканци, меѓу кои и сенаторите Џон Мекејн и Линдзи Грем, го критикуваа претседателот дека не заземалл поцврст став за настаните во Иран.

Од другите доминатни теми на прес-конференцијата на претседателот се издвои економијата, енергетските прашања и реформите во здравствениот систем.

Претседателот рече дека е прерано да се знае дали ќе биде потребен уште еден стимулативен пакет за зајакнување на економијата.

За реформите во здравствениот сектор, Обама ги отфрли критиките од Републиканците и некои сопартијци - Демократи кои тврдат дека неговиот предлог за дополнителен владин осигурителен план ќе ги истисне приватните осигурителни компании од бизнисот.

Тој рече дека ако приватните осигурителни компании им даваат на потрошувачите најдобри понуди, тогаш нема да биде логично да се сугерира дека јавниот план ќе претставува нефер конкуренција.

XS
SM
MD
LG