За месец мај забележано е зголемување на бројот на продадени домови, а цените опаднаа за речиси 17 проценти споредено со истиот период лани.
Според Националаната асоцијација за купопродажба на домови, продажбата на претходно поседувани домови во мај нараснала за 2,4 проценти. Наглиот застој во купопродажбата на домови во САД, беше и главниот фактор во поттикнување на рецесијата.
Според истражувањето на влијателни американски бизнис лидери, американската економија и натаму е слаба, но тие велат дека ситуацијата „почнува да се стабилизира“. Ова е нешто помалку песимистички преглед, споредено со извештаите за економијата на почетокот на годинава. Во истражувањето на бизнис групата „Бизнис тркалезна маса“, се опфатени извршни директори на водечки компании во чии рамки се вработени 10 милиони луѓе и годишно прават обрт од пет трилиони долари.