Линкови за пристапност

Администрацијата на Обама ќе ја укине програмата за сателитско шпионирање


Американски претставници велат дека секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано ќе ја укине програмата иницирана од администрацијата на претседателот Буш за употреба на американски шпиoнски сателити за потребите на домашните агенции за спроведување на законот.

Програмата беше креирана во 2007-та година и на агенциите за спроведување на законот им обезбедуваше актуелни разузнавачки информации, вклучувајќи и сателитски слики. Официјални лица додаваат дека Наполитано решила да ја укине програмата откако минатата недела добила писмо од шефот на полицијата на Лос Анѓелес, Вилијам Братон, кој воедно е и претседател на Асоцијацијата на поголемите градови во САД.

Од владини извори се дознава дека Братон на Наполитано и` ја пренел загриженоста на државните и локалните агенции за спроведување на законот поради непочитувањето на граѓанските слободи и приватност. Братон исто така тврдел дека нема ургентна употреба за користење на оваа програма од групата агенции за спроведување на законот.

XS
SM
MD
LG