Линкови за пристапност

Британија протера двајца дипломати од Иран


Британија вели дека протерува двајца ирански дипломати во знак на одмазда што Иран им нареди на двајца британски дипломати да го нaпуштат Техеран поради спор околу иранските претседателски избори.

Британскиот премиер Гордон Браун денеска пред законодавците истакна дека Иран ги протерал двајцата Британци еден ден претходно. Иранската влада ја обвини Британија и другите западни земји за мешање во внатрешните работи на земјата критикувајќи го задушувањето на иранските протести кои избувнаа по објавувањето на изборните резултати.

Браун додаде дека протерувањето на дипломатите е неоправдано и иранските наводи за мешање на Британија се „апсолутно без никаква основа“. Тој вели дека Британија ги протерува двајцата ирански дипломати од Лондон со жалење.

Иран го обвинува и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, за мешање во внатрешните работи откако ја повика исламската држава „итно да ги прекине“ апсењата и употребата на сила против опозиционите активисти.

Иранското Министерство за надвореши работи вели дека Бан работи во контрадикција на неговите должности и ги игнорира фактите за претседателските избори на 12-ти јуни. Иран го обвинува Бан Ки-мун дека е под влијание на неодредени странски сили.

XS
SM
MD
LG