Линкови за пристапност

Аматерските видео материјали ги поттикнуваат протестите во Иран


Иранските власти поставија строги ограничувања на независното известување по спорните избори во земјата, принудувајќи ги луѓето да комуницираат и да се информираат преку мрежи за социјализирање.

На еден аметерски материјал е видливо како млада жена, идентификувана како Неда Ага-Солтан, умира од прострелна рана од заскитан куршум. Таа се наоѓала во близина на протестите во Иран во саботата. На видеото се гледа како очите на девојката се широко отворени, а крв почнува да тече од нејзиниот нос и уста. Одеднаш ја опкружуваат минувачи, ужаснати од инцидентот.

Неда на некој начин стана херој меѓу демонстрантите, а на интернет се објавени фотографии од неа, на кои се нарекува маченик.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Иан Кели за време на брифингот за новинарите го спомена овој инцидент, велејќи дека од сите драматични видео материјали што пристигаат од Иран, „највознемирувачки е оној со младата жена облеана со крв“.

XS
SM
MD
LG