Линкови за пристапност

Немири во Ингушетија


Официјални лица велат дека претседателот Јунус Бек Јевкуров Јевкуров бил хоспитализиран во критична состојба, но дека во моментот неговиот живот не е во опасност. Руската новинска агенција Итар-Тас вели дека врз него бил извршен оперативен зафат и дека е пренесен во Москва за натамошен третман.

Според руска тв-станица на англиски јазик, претседателот Јевкуров е трет висок претставник, повреден или убиен изминативе три недели во овој регион што се граничи со Чеченија.

Претседателот Јевкуров ја има поддршката од официјален Кремљ и беше назначен на функцијата минатиот октомври откако Москва го разреши долгогодишниот лидер на Ингушетија, Мурат Зјазиков. Кремљ го обвинуваше Зјазиков дека дозволил ескалирање на насилството во регионот.
Јевкуров ја има истакнато важноста од сузбивање на корупцијата, која се смета дека има клучна улога во насилството во регионот. Тој вели дека неговата влада ќе се справи со корупцијата и насилството, но со помош од Кремљ.

Рускиот претседател Димитри Медведев изјави дека Јевкуров има сторено многу за прекин на безредието и за мир во регионот.

Претседателот Медведев се сретна со безбедносни претставници по денешниот инцидент. Тој нападот го поврза со интензивните напори за прекин на насилството во Ингушетија.

Ингушетија има докажано дека е предизвик за Кремљ и ја надмина Чеченија како нов центар на насилство во Русија. Поголемиот дел од немирите се поврзани со двете сепаратистички војни кои пустошат низ Чеченија изминативе 15 години.

XS
SM
MD
LG