Линкови за пристапност

Запад негира мешање во внатрешните работи на Иран


Западните држави ги отфрлаат наводите на иранската влада дека го охрабрувале пост-изборното насилство во Иран.

Чешкото претседателство на ЕУ во понеделник ги повика државите членки на ЕУ да изразат протест пред иранските пратеници во нивните земји заради насилството на владините сили врз анти-владините демонстранти.

Британија, целта на некои од најголемите критики од Иран, соопшти дека ги евакуира членовите на семејствата на дипломатскиот персонал стациониран во Иран, додека самите дипломати ги остава таму. Британија исто така ги советува своите граѓани да не патуваат во Иран.

Во меѓувреме, сирискиот Министер за надворешни работи Валид ал-Моалем го предупреди западот против интервенција во иранските внатрешни работи, велејќи дека тоа може да им наштети на преговорите меѓу Иран и САД. Тој ова го кажа по средба во понеделникот со холандскиот Министер за надворешни работи Максим Верхаген.

Исто така во понеделник иранските медиуми кажаа дека спикерот на парламентот Али Лариџани побара ревизија на иранските врски со Британија во говор пред парламентот.

Иран го протера известувачот на Гласот на Америка од земјата по обвинувањето дека БиБиСи и Гласот на Америка поттикнуваат натамошни постизборни немири. Директорот на Гласот на Америка Ден Остин ги отфрли ваквите обвиненија.

XS
SM
MD
LG