Линкови за пристапност

Повреден претседателот на Ингушетија


Претседателот на руската северна кавкаска република Ингушетија е сериозно повреден во како што велат официјални лица - самоубиствен бомбашки напад врз неговиот конвој.

Властите велат дека претседателот Јунус Бек Јевкуров одел на работа, кога во близина на најголемиот град во републиката, Назран, неговото возило налетало на патна мина. Тој преживеал, но најмалку едно лица загинало а повредени се неколкумина.

Официјални лица велат дека хоспитализираниот Јевкуров е во сериозна состојба, но животот не му е опасност. По извршената операција, со авион ќе бие префрлен во Москва за натамошно лекување.

Рускиот претседател Дмитри Медведев го осуди нападот и го окрактеризира како акт на насилство.

XS
SM
MD
LG