Линкови за пристапност

САД велат дека се подготвени за одговор на Северна Кореја


Американскиот претседател Барак Обама рече дека неговата администрација и армијата се „целосно подготвени за било какви закани“ врзани со Северна Кореја – вклучувајќи и евентуално лансирање на проектили од долг дострел кон Хаваи.

Во телевизиско интервју за Си-Би-Ес, Обама рече дека се надева оти Пјонгјанг ќе заземе став во правец на повторно приклучување кон меѓународната заедница. Но, тој рече дека неговата администрација нема да ја награди „воинственоста и провокациите“.

Неговите коментари доаѓаат по извештаите дека Северна Кореја планира да лансира балистички проектили кон Хаваи во раните часови на 4-ти јули.

XS
SM
MD
LG