Линкови за пристапност

Светска банка: Глобалната рецесија подлабока од прогнозираното


Светската банка соопшти дека глобалната рецесија во 2009-та ќе биде подлабока отколку што претходно се предвидуваше, додека земјите во развој се соочуваат со зголемена сиромаштија и невработеност.

Светската банка во извештајот објавен денеска посочува дека глобалната економска рецесија и нејзиното влијание врз пазарот предизвикало опаѓање на меѓународните инвестиции во помалку развиените земји во 2008-ма. Банката соопшти дека странските инвестиции се очекува и натаму да паѓаат годинава.

Светската банка вели дека светската економија би требало да почне да расте кон крајот на 2009-та, но опоравувањето ќе биде побавно отколку што се очекуваше.

XS
SM
MD
LG