Линкови за пристапност

Обама потпиша закон против пушењето


Американскиот претседател Барак Обама потпиша закон против пушењето со што ги стави тутунските продукти под невидена досега федерална контрола.

Претседателот го стави потписот врз Актот за превенција на пушењето во семејството и контрола на тутунот, со што документот стана закон. Тој во Белата куќа беше придружен од законодавци и деца кои ја претставуваат кампањата за заштита на децата од цигарите.

Законот кој мина во Конгресот претходно месецов, и дава одврзани раце на Администрацијата за храна и лекови да го редуцира нивото на никотин во тутунските производи. Агенцијата исто така ќе биде во можност да го регулира рекламирањето на цигарите.

На настанот во Белата куќа, Обама ги пофали законодавците за усвојување на законот во двопартиски дух и рече дека новите мерки ќе ги штитат децата од опасностите до пушењето. Тој рече дека е постигната победа по деценија борба со моќното лоби на тутунската индустрија.

XS
SM
MD
LG