Линкови за пристапност

Обама сака на илегалните имигранти да им се даде можност за државјанство 


Претседателот Барак Обама вели дека е определен за идејата за реформирање на имиграциониот систем со можност илегалните имигранти да станат американски државјани.

На собир во Вашингтон пред граѓани од латино-американско потекло во Вашингтон, претседателот Обама истакна дека од имигрантите со илегален престој во САД, кој сакаат да го легализираат својот статус, би требало да се побара да платат соодветна казна, да платат данок и да го научат англискиот јазик. Тој подвлече дека илегалните имигранти треба да чекаат за државјанство и оти предност имаат лицата кои легално влегле во земјата.

Обама истакна и дека САД мора да вложат напори за спречување на илегалниот влез во државата, велејќи дека неговата администрација веќе презела чекори за зајакнување на пограничната безбедност.

Како дополнение, претседателот Обама рече дека САД не може да толерираат работодавци кои експлоатираат илегални имигранти, што доведува до намалување на платите.

XS
SM
MD
LG