Линкови за пристапност

Конгресот скептичен по планот на Обама за финансиска реформа


Планот на претседателот Барак Обама за преуредување на начинот на кој националниот финансиски систем на земјата е регулиран, наиде на скептицизам на распит во Конгресот.

Според планот, Американските федерални резерви би имале надзор врз финансиските компании кои се толку големи што нивното евентуално пропаѓање би наштетило на економијата во целост.

Одредени законодавци предложија таа задача да ја врши совет на регулатори од агенции кои ја следат економијата.

Но, секретарот за финансии, Тимоти Гајтнер ја отфрли идејата, велејќи дека планот на администрацијата ја балансира стабилноста и заштитата од една, и поттикнува финансиски иновации од друга страна.

XS
SM
MD
LG