Линкови за пристапност

САД ја засилуваат одбраната од можен проектил од Северна Кореја


Американската армија ја засилува готовноста за одбрана околу Хаваите по извештаите дека Северна Кореја може да лансира проектил кон пацифичкиот остров.

Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс соопшти дека САД презеле чекори за заштита на американската сојузна држава.

Дневниот јапонски весник „Дејли јомиури“ во четвртокот изнесе тврдење дека Северна Кореја се подготвува на почетокот на јули да лансира проектил од долг домет во правец на Хаваите. Весникот наведува дека Министерството за одбрана на Јапонија верува дека проектил од типот Таеподонг-2 или негова усовршена верзија на 30-ти мај бил префрлен од постројка во близина на Пјонгјанг на лансирно место во северозападниот дел на Тонгчанг-ри.

Гејтс додаде дека одобрил на Хавајските Острови да се распоредат ракетни пресретнувачи во случај на напад од страна на Северна Кореја. Тој подвлече дека САД со внимание ги следат подготовките на Северна Кореја за евентуалното лансирање на проектилот.

XS
SM
MD
LG