Линкови за пристапност

ФАО: Гладта во светот на рекордно високо ниво


Повеќе од една милијарда луѓе немаат доволно да јадат, што агенција на Обединетите нации вели дека е највисока цифра во историјата.

Извештај на Организацијата за храна и земјоделие вели дека бројот на гладни годинава ќе порасне за околу 11 проценти. Азиско-пацифичкиот регион е најтешко погоден, со 642 милиони гладни луѓе.

ФАО за проблемот ја обвинува економската криза и релативно високите цени на храната. Цените на храната делумно опаднаа од лани, кога беа рекордно високи, но сепак се далеку над нивниот долгорочен просек.

Промените на цените на храната силно ги погодија сиромашните зашто тие веќе трошат 60 проценти од нивните приходи на храна.

Авторите на извештајот велат дека гладта е „сериозен ризик за светскиот мир и безбедноста" и ги поттикна владите да им помагаат на малите фармери со семе, ѓубриво, финансирање и технички совети.

XS
SM
MD
LG