Линкови за пристапност

САД влегоа во Советот за човекови права


Американски дипломати во петок ветија дека ќе работат конструктивно со другите членови на советот во интерес на угнетуваните во светот.

Виш американски дипломат во мисијата на САД во ОН во Женева, Марк Сторела, рече дека САД му се приклучуваат на телото што постои три години во дух на соработка.

САД беа избрани во Советот со седиште во Женева минатиот месец, откако администрацијата на Обама реши да побара место во него. Претходната администрација ја бојкотираше организацијата, истакнувајќи дека телото за човекови права при ОН премногу е фокусирано на критикувањето на Израел, додека ги игнорира кршењата на човековите права во Судан и на други места.

Претседателот Барак Обама најави „нова ера на ангажираност“ кога ја презеде функцијата.

XS
SM
MD
LG