Американските законодавци усвоија резолуција со која го осудија насилството врз иранските демонстранти и оневозможувањето на медиумите и комуникацијата во земјата.
Претставничкиот дом гласаше со 405 спрема 1 за резолуцијата која ги осуди, како што го нарече „тековното насилство врз демонстрантите од владата на Иран и про-владините паравојски“.
Резолуцијата е најостар акт досега од американските официјални лица по внимателните соопштенија од администрацијата на Обама за оспорените избори.
Главните поддржувачи на резолуцијата лобираа меѓу администрацијата да преземе поцврст став против зауздувањето на демонстрантите од страна на иранската влада.
Претходно, ЕУ изрази сериозна загриженост за иранскиот одговор на демонстрациите кои ја доведуваат во прашање легитимноста на ре-изборот на претседателот Махмуд Ахмединеџад.
Лидерите на ЕУ објавија заедничко соопштение со кое ја повикаа иранската влада да им дозволи на сите граѓани правото на собир и изразување на мирољубив начин.