Линкови за пристапност

Интервју со Хари Мичел, конгресмен на САД


Интервју со Хари Мичел, конгресмен на САД

Конгресменот - демократ од Аризона Хари Мичел, еден од петорицата наградени од Обединетата македонска дијаспора за поддршката за Македонија, ја нагласува улогата што може да го игра иселеништвото во евроатланската интеграција на Македонија.

Глас на Америка на македонски: Што може да сторат САД да и` помогнат на Македонија поскоро да стане членка на НАТО и ЕУ?

Хари Мичел: Треба да продолжат да ја поддржуваат, вербално и на секој друг начин, кога станува збор за помош од секаков вид. Треба да им кажат на луѓето дека Македонија е пријател на САД, пријател на демократијата, пријател на слободата.

Глас на Америка на македонски: Што би и` советувале на Македонија да стори за да се разреши прашањето за името?

Хари Мичел: Едно од првите нешта - што е многу важно - е формирањето на дијаспората, да има една национална организација во САД, и таа да проговори за прашањата што се наметнати. Мислам дека сите веруваат дека секоја земја треба да може да се нарекува како што смета дека треба да се нарекува. Мислам дека на извесен начин е бесмислено да се има таков инцидент околу име на една земја.

Глас на Америка на македонски: Во САД постои моќно грчко лоби. Дали во блиска иднина предвидувате формирање на група – кокус во Конгресот за поддршка на Македонија?

Хари Мичел: Претпоставувам дека ќе има. Во Конгресот навидум има кокуси на сите други земји -пријатели на САД, така што би очекувал такво нешто. Но, првата работа е дијаспората, што е многу важно, а потоа да се продолжи понатаму.

XS
SM
MD
LG