Линкови за пристапност

Сервер: Ќе ги нарекувам граѓаните на Македонија како што сакаат да се нарекуваат - Mакедонци


Даниел Сервер од Американскиот институт за мир, кој веќе долги години се бави со Балканот, во интервју за Гласот на Америка на македонски за спорот околу името, направено на маргините на неодамнешната Конференција на Обединетата македонска дијапора во Вашингтон, вели дека за него не е битно што ќе пишува на парче хартија во ОН и дека ќе ги нарекува граѓаните на Македонија како што сакаат да се нарекуваат - Македонци.

Глас на Америка на македонски: По секоја рунда разговори за името, компромисот и натаму се чини далечен. Зошто?

Даниел Сервер: Навистина не знам. Мислев дека ова одамна ќе беше решено. Почна и да ми станува неважно, затоа што ќе ги нарекувам граѓаните на Македонија како што сакаат да се нарекуваат, а тоа е Македонци.

Глас на Америка на македонски: Каде треба да стави тежиште и да се изврши притисок во преговорите?

Даниел Сервер: Притисокот треба да биде на сите страни за да се постигне спогодба. Факт е дека Грците имаат силна преговарачка позиција затоа што се членка на НАТО и ЕУи Македонсите треба тоа да го имаат предвид. Навистина мислам дека не е многу битно што пишува на некое парче хартија во ОН. Важно е како Македонците сакаат да се нарекуваат и јас така ќе ги нарекувам.

Глас на Америка на македонски: Што може САД да сторат за да и` помогнат на Македонија да стане дел од НАТО?

Даниел Сервер: Мислам дека САД треба да извршат притисок врз обете страни за обострана спогодба. Мислам дека тоа и го прават, но можеби треба да го прават уште повеќе.

Глас на Америка на македонски: Дали Северна Македонија е разумно решение, имајќи го предвид македонскиот јазик и идентитет?

Даниел Сервер: Секое решение на кое обете страни може да се согласат е чесно решение. Како што реков, навистина не ми е битно што е на парче хартија во ОН. Ќе ги нарекувам Македонците – Македонци, се` додека не побараат да престанам.

XS
SM
MD
LG