Линкови за пристапност

Можност Северна Кореја да лансира проектил спрема Хаваи


Дневниот јапонски весник „Дејли јомиури“ тврди дека Северна Кореја се подготвува на почетокот на јули да лансира проектил со долг домет насочен кон американската сојузна држава Хаваи.

Весникот наведува дека јапонското Министерство за одбрана верува оти проектил од типот Таеподонг 2 или негова усовршена верзија, на 30-ти мај била префрлен од локација во близина на Пјонгјанг, во северозападниот дел на Тонгчанг. Министерството наводно смета дека проектилот би можел да биде лансиран помеѓу 4-ти и 8-ми јули, но дека не верува оти ракетата може да достигне до Хавајските Острови.

Северна Кореја го лансираше проектилот Таеподонг 2 во 1996-та година, токму на 4-ти јули, Денот на американската независност, а 8-ми јули е годишнината од смртта на основачот на Северна Кореја Ким Ил-сунг.

Северна Кореја се закани дека ќе лансира проектил со долг домет, во знак на одмазада за новите санкции од страна на Советот за безбедност на ОН што беа воведени поради нејзиниот нуклеарен тест изведен на 25-ти мај, како и серија други лансирања на проектили.

XS
SM
MD
LG