Линкови за пристапност

Хилари Клинтон скршила рака


Американската државна секретарка Хилари Клинтон го скршила лакотот.

Во соопштение издадено од шефот на кабинет на Клинтон, Шерил Милс, се вели дека главниот американски дипломат на пат за Белата куќа во средата паднала и се здобила со повредата.

Таа била пренесена во болица во близина на седиштето на Стејт департмент за третман, пред да биде пуштена дома.

Клинтон ќе биде подложена на операција следната недела за поправање на штетата и Милс вели дека државната секретарка наскоро ќе се врати на нејзините редовни работни обврски.

XS
SM
MD
LG