Линкови за пристапност

Деветмина убиени наводно од американскo беспилотно летало


Пакистански разузнавачки претставници велат дека во осомничен американски напад со проектили биле убиени девет лица во северозападен Пакистан.

Властите велат дека најмалку четири проектили паднале во близина на две села западно од Вана, голем град на авганистанската граница во пакистанскиот регион Јужен Вазиристан.

Осомничените американски беспилотни летала наводно лансирале најмалку 30 напади со проектили во Пакистан од средината на минатата година, и покрај јавните протести од страна на пакистанската влада.

Регионот на Јужен Вазиристан се верува дека е дом на многу лидери на ал-Каида и Талебан.

XS
SM
MD
LG