Линкови за пристапност

Нов модел за стапката на изумирање на цицачите


На Земјата се одвива шесто масовно истребување, што им се заканува на околу четвртина од видовите на цицачи, вели Ана Давидсон, меѓународен истражувач за конзервација на Универзитетот на Ново Мексико.

Таа објаснува дека заканата за цицачите е предводена од голем број фактори, меѓу кои и климатските промени, уништувањето на шумите и неконтролираното ловење.

„Земете за пример што сакате, ние тоа го правиме. Имаме огромно влијание на Земјата. Во моментов на 83 проценти од површината на Земјата има некакво влијание на луѓето. А тоа значи дека на милиони видови со кои ја делиме планетава им е ограничен животот заради нашите активности", вели Давидсон.

Таа и неколку нејзини колеги развиле модел за предвидување на стапката на изумирање на загрозени видови на цицачи што ги идентификувала Унијата за конзервација на природата.

Листата вклучува над 1.100 загрозени животни од кои некои се во категоријата на критично загрозени видови.

Давидсон вели дека моделот е така дизајниран да ги следи цицачите кои се во ризик од изумирање со земање предвид на бројот на еколошки параметри, како што е величината на површината на која видот се протега.

Истражувачите велат дека поголемите цицачи се во поголем ризик од изумирање споредено со помалите видови, затоа што првите се постојан конфликт со месојадците за територија и храна, и затоа што тие не произведуваат многу потомци.

Давидсон вели дека моделот е обид да се помогне во заштитата на животните преку имање увид во нивните ресурси.

Истражувачите го опишуваат моделот за конзервација на животните во журналот на Националната академија на науки.

XS
SM
MD
LG