Линкови за пристапност

САД ќе лансираат сонди за Месечината


Американската агенција за вселенски истражувања НАСА соопшти дека една од сондите ќе истражува безбедни места за слетување за идните мисии со човечки екипаж, ќе лоцира ресурси што би можеле да се употребат, ќе ги проверува нивоата на радијација и ќе тестира нова технологија. Другата сонда ќе бара дефинитивни одговори за присуство на мраз на половите на Месечината од кој би можела да се добие вода.

Научниците сметаат дека податоците собрани од мисијата ќе помогнат во унапредување на идните истражувања на сончевиот систем.

XS
SM
MD
LG