Линкови за пристапност

Клинтон го скрши лакотот


Американската државна секретарка Хилари Клинтон го скрши лакотот. Како што информираше шефот на нејзиниот кабинет Черил Милс, Клинтон била на пат за Белата куќа кога паднала и се повредила. Потоа и` бил укажан лекарски третман во болница во близина на Стејт департментот, по што била пуштена на домашно лекување. Поради повредата, врз Клинтон наредната недела ќе биде извршен хируршки зафат. Милс вели дека секретарката Клинтон со нетрпение очекува да се врати на своите секојдневни обврски.

XS
SM
MD
LG