Линкови за пристапност

Иран пред уште еден ден на масовни протести


Иранската опозиција е подготвена да се оглуши на властите и да излезе на улиците в четврток, за уште еден ден на масовни протести против спорниот ре-избор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

На неговата интернет страница, поразениот опозициски лидер Мир Хосеин Моусави ги повика своите поддржувачи да облечат црно и да се соберат за улични маршеви во знак на изразување жалост за убиените во пост-изборното насилство.

Иран потврди дека најмалку седуммина протестанти биле убиени во судирите со провладините сили од понеделникот наваму.

Официјалните резултати покажуваат дека актуелниот претседател Ахмадинеџад победил на петочните избори со голема маргина. Тврдењето на опозицијата дека изборите биле наместени предизвикаа најсериозни немири во Иран од исламската револуција во 1979.

Портпаролот на моќниот Заштитнички совет на Иран, составен од свештеници и стручњаци по исламско право, на државните медиуми во четвртокот им кажаа дека легислативното тело започнало истрага по 646-те поплаки за нерегуларности на гласањето од 12 јуни. Советот исто така покани двајца поразени кандидати на разговор в сабота, да дискутираат по нивните забелешки на изборите.

XS
SM
MD
LG