САД ги отфрлија иранските обвиненија дека Вашингтон се меша во изборниот процес во
Иран.
Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс вели дека
претседателот Барак Обама ќе продолжи да го поддржува правото на Иранците мирно
да протестираат без мешање во иранската
внатрешна политика.
Гибс ова го кажа по повикувањето на амбасадорот на Швајцарија во средата од
страна на иранското министерство за
надворешни работи заради наводните интервенционистички изјави од САД.
Американскиот Стејт департмент кажа дека иранското министерство за надворешни работи повикало неколку амбасадори последниве денови поплакувајќи се на мешање во иранските избори.