Линкови за пристапност

Ел Барадеи:  Иран e во потрага по нуклеарна технологија


Во интервју за „Би-Би-Си“, Ел Барадеј изјави дека има интуиција оти Иран сака да поседува технологија за производство на нуклеарно оружје, за да испрати порака светот да го сфати сериозно.

Раководителот на Меѓународната агенција за атомска енергија додаде дека крајната цел на Иран е да биде признаен како главна сила во Блискиот Исток.

Иран ги порекна обвинувањата дека се залага за нуклеарно оружје и тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучително за мирнодопски цели.

Денеска во Москва, претседателите на Русија и на Кина, Дмитри Медведев и Ху Џинтао, ја подвлекоа потребата од обнова на меѓународниот договор за, како што ја нарекуваат, „мирољубивата природа“ на иранските нуклеарни активности.

Тие објавија соопштение во кое повикуваат на дипломатско решение за меѓународниот спор по прашањето.

XS
SM
MD
LG