Линкови за пристапност

Откажано лансирањето на спејс-шатлот Ендевор


НАСА го одложи лансирање на американскиот спејс-шатл Ендевор поради излевање на хидрогенски гас.

Екипажот го открил проблемот за време на дополнувањето на резервоарот со гориво од близу два милиони литри на течен кислород и течен водород.

НАСА соопшти дека протекувањето е во истиот дел што принуди одложување на планираното лансирање во саботата.

Техничарите го запечатија резервоарот по откажување на лансирањето во саботата. Истиот проблем се појави во март при обид да се лансира спејс-шатлот Дискавери, но инженерите не ја пронајдоа причината.

Менаџерот за лансирање на НАСА Лерој Кеин, истакна дека повторното појавување на проблемот од ќе ги принуди инженерите да работат на проблемот и да го решат.

Процедурата за надополнување со гориво беше одложена три часа во вторникот поради грмотевици во близина на местото за лансирање.

XS
SM
MD
LG