Линкови за пристапност

Индија условно подготвена за преговори со Пакистан

Индискиот премиер Манмохан Синг вели дека би сакал Индија да биде во мир со Пакистан, но дека Исламабад најпрво треба да преземе „силна и ефикасна" акција за ставање крај на тероризмот.

Сингова го изјави по самитот во Русија каде се сретна со пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари. Ова беше прва средба меѓу двајцата политичари од минатогодишните терористички напади во Мумбаи.

Премиерот Синг изјави дека претседателот Зардари рекол оти Пакистан е искрен во намерите за борба против тероризмот, но дека борбата ќе потрае уште некое време. Синг подвлече дека го повикал Зардари да ја разбие, како што рече, „инфраструктурата на теророт" во Пакистан.

Односите меѓу Индија и Пакистан се затегнати од нападите во Мумбаи наваму, во кои загинаа преку 170 лица. Индија ја обвини милитантната група Лашкар-е-Таиба со седиште во Пакистан, како и агенти на пакистанското разузнавање, за учество во нападите.

XS
SM
MD
LG