Линкови за пристапност

Американскиот Конгрес усвои мерка за финансирање на војните


Aмериканските законодавци изгласаа мерка во висина од 106 милијарди долари за финансирање на воените операции во Авганистан и во Ирак и помагање на Пакистан да се избори со екстремистите.

Претставничкиот дом ја усвои мерката со 226 спрема 202 гласови. Сега документот е испратен на гласање во Сенатот, што се очекува да се случи кон крајот на неделата, пред да се најде пред претседателот Обама за потпис.

Околу 80 милијарди долари се одделени за поддршка на американските сили во Авганистан и во Ирак, вклучувајќи ги и подготовките за американско повлекување од Ирак.

Претседателот Обама постави рок до 31-ви август 2010 за повлекување на сите трупи, освен околу 50.000 војници кои ќе останат со советодавна функција за обука на ирачката армија.

Во законот за финансирање на војните, 2,4 милијарди долари ќе бидат одделени за Пакистан за покривање на помошта за бегалците, поддршка во управувањето, за програмите на владеење на правото и образовни програми, како и за други безбедносните напори.

XS
SM
MD
LG