Линкови за пристапност

Обама ќе претстави план за реформа на финансиската индустрија


Американскиот претседател Барак Обама во среда ќе ги претстави плановите за преуредување на американскиот финансиски регулативен систем, во најсеопфатен реформски предлог од Големата депресија наваму.

Претседателот ќе предложи на националната централна банка, Федералните резерви, да и се дадат поголеми надлежности во надзорот на големите банки и финансиски институции чие пропаѓање би можело да и наштети на американската економија.

Обама исто така ќе предложи совет на владини регулатори кои ќе го следат ризикот што му се заканува на финансискиот систем. Советот ќе биде предводен од Одделот за финансии и ќе ги вклучи Федералните резерви.

Обама исто така ќе предложи создавање на таканаречена Агенција за финансиска заштита на потрошувачите што ќе регулира продукти како станбени кредити и кредитни карти.

XS
SM
MD
LG