Линкови за пристапност

Иранското реформистичко движење планира нови протести


Поддржувачите на поразениот ирански претседателски кандидат Мир Хосеин Моусави планираат друг собир за среда по спорните петочни избори.

Реформистичкото движење побара од иранското Министерство за внатрешни работи дозвола за одржување на собир, но до сега иранските власти забрануваа такво собирање.

Моусави објави соопштение во кое ги повикува симпатизерите на мирни демонстрации или во четврток да се соберат во џамии за да им оддадат почит на убиените во пост-изборното насилство.

Во врска со ова, иранската „Прес ТВ" во среда објави дека националното Министерство за разузнавање го брифирало парламентот за пост-изборните нереди кои, како што вели телевизијата, оставило осум лица мртви.

Нема јавно објавени детали на извештајот.

Иранската Револуционерна гарда продолжи со задушување на медиумите и во среда, предупредувајќи ги иранските интернет страници да не објавуваат материјали што креираат, цитираме, „тензии". На новинари и фоторепортери на странски новински организации веќе им е забрането да ги покриваат политичките настани и демонстрации.

Спорните избори, кои му ја дадоа победата со големо мнозинство на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, предизвикаа најсериозни немири во Иран од Исламската револуција во 1979 наваму.

XS
SM
MD
LG