Линкови за пристапност

САД велат дека нема конечна одлука за европскиот противракетен штит


Високи претставници на американската одбрана велат дека администрацијата на Обама не донела конечна одлука за распоредувањето на контроверзниот ракетен одбранбен систем во Европа, на што Русија силно се противи.

Заменик секретарот за одбрана Вилијам Лин на Комисијата за оружени сили на Сенатот во вторник кажа дека администрацијата ја остава опцијата за распоредување на 10 пресретнувачи на проектили во Полска, и радар за следење во Чешката Република.

Лин кажа дека американските стручњаци бараат алтернативи на штитот за проектили, што американските претставници велат дека е дизајниран со цел да штити од иранската ракетна закана. Русија инсистира дека планот за распоредување, развиен под претседателот Џорџ В. Буш, е закана за нивната безбедност.

Републиканскиот сенатор Џон МекКеин и независниот Џозеф Либерман извршија притисок на Лин да ја објасни позицијата на САД, а МекКеин кажа дека полските претставници го информирале дека според нивно разбирање американската определба за штитот е силна.

XS
SM
MD
LG